Andreew Investment Group

Баер Гарден

Баер Гарден
Bayer CropScience AG е една од водечките компании во светот во областа на заштитата на растенијата, заштита од штетници во сферата на јавното здравство и развој на хибриди и биотехнологија. Централата на Bayer CropScience AG се наоѓа во Монхаим, Германија и вработува над 18 300 вработени во повеќе од 120 земји. Bayer CropScience AG е една од трите главни бизнис насоки на глобалната група Bayer, вклучувајќи уште Bayer Healthcare и Bayer MaterialScience. Како глобален лидер во иновациите и продажбата во својата сфера за Bayer еднакви по важност се економскиот развој, заштита на животната средина и општествените интереси.

Bayer Garden е светски познат трговски бренд, кој ги вклучува средствата за заштита на растенијата и биоцидните производи за борба со штетници. Секој производ  на трговската марка Bayer Garden е резултат на долгогодишни истражувања и иновативни технологии, кои имаат за цел отстранување  на здодевните инсекти (муви, мравки, комарци, лебарки, молци) главно од вашите домови, како и од други простории - канцеларии, складишта и продавници.