Andreew Investment Group

Филипс Авент

Филипс Авент Philips AVENT е компанија со седиште во Англија, која произведува шишиња за бебиња, пумпи за молзење и други додатоци за хранење и здравје на бебиња. AVENT произлезе од подбрендот Avent Naturally инициран од компанијата Cannon Rubber (est.1936). Брендот е создаден во 1984 за лансирање на нов тип шишиња за бебиња со кратко и широко грло. Avent беше првата компанија за додатоци за хранење на бебиња која произведуваше вештачки брадавици од силикон без мирис и вкус, како и други патентирани изуми, како на пример: Микробранови стерилизатори и пумпи за молзење без клип. Во 2005 година, Charterhouse Venture Capital ја купи компанијата, тогаш позната како Cannon Avent од семејството Atkin (втора генерација на сопственици). Во 2006 година Philips ја превзема компанијата и прерасна во Philips AVENT.