Andreew Investment Group

Ритер Спорт

Ритер Спорт Почитувани љубители на чоколадо, квалитетот е создаден во полето, на плантажата, во магацинот и во фабриката. Високиот квалитет се создава со високо квалитетна обработка на земјата, садење, берење, ферментирање, сушење, складирање и високо квалитетен производствен процес во фабриката. Едно квалитетно чоколадо како Ritter Sport оди низ еден долг и разновиден процес пред да биде подготвено за вистинскиот љубител на чоколадо. Ritter Sport е бренд кој повеќе од 100 години означува врвен квалитет и вкус на чоколадо. Секои 100 грама чоколадо се во облик на квадрат поделен на 16 помали квадрати, создавајќи уникатна форма препознатлива во целиот свет.